Анкетат спроведена меѓу 1.004 испитаници покажува дека Владата на Кирил Петков ужива поддршка од 39 отсто од Бугарите, а 40 отсто не ја одобруваат.
Поддржувачите на вледејачката „Промените родолжуваат“ се речиси едногласни во поддршката за кабинетот. Околу две третини од гласачкото тело на БСП, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“ даваат позитивна оценка, а околу една петтина – негативна.
Два месеци по последните предвремени парламентарни избори, поддршката на партиите еидентична со изборниот резултат.
„Продолжуваме со промената“ од чии редови е премиерот Петков е првата политичка сила со 26,4 отсто а опозициската ГЕРБ на Борисов останува блиску до изборниот резултат со 22,3 отсто поддршка во јавноста.
Следуваат БСП и ДПС со 11,5% и 10,9% поддршка.
Петта политичка сила останува „Има таков народ“ на Слави Трифонов со 8,1 отсто а а шеста останува „Демократска Бугарија“ со 6,8 отсто поддршка.







