И претседателот на грчкиот парламент смета дека е во интерес на Грција да се најде решение за името.
„Во интерес на нашата земја е да се реши прашањето врз основа на заедничко и заемно прифатено решение за севкупна употреба, со уставна регистрација на името и со еден широк договор што ќе потврдува, ќе гарантира и ќе охрабрува една нова ера во односите на народите, не само во економијата, туку и во сите прашања што ги засегаат“ изјавил спикерот Никос Вуцис, како што пренесува МИА од Атина.
Тој ова го изјавил на промоција на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“ каде ги изнел своите размислувања за решавање на „спорот“ во споменатите шест точки.
Вуцис рекол дека сега веќе на сите им е јасно дека беше изгубено драгоцено време во минатото и изразил оптимизам дека доколку решението е во рамките на грчките позиции, тогаш ќе биде поддржано од мнозинството во грчкиот Парламент.





