Вучиќ жали што Македонија и Албанија не добија датум за ЕУ – најави убава вест

Претседателот на Србија вели дека „жали и не е фер“ последнта одлука ЕУ да не им даде датум за почеток на преговорите на Македонија и на Албанија.



„Не е фер кон Тирана и кон Скопје како и граѓаните и луѓето што ги водат тие две земји. Тие ќе имаат искрен пријател во Србија, и ќе ја подобриме соработката со нив, и сакам да објавам дека имаме важна видеоконференција на 29 јуни“, изјави Александар Вучиќ.

Одлуката на ЕУ претходно ја коментираше и српската премиерка Ана Брнабиќ која кажа дека е загрижена од одлуката на една земја да го блокира соседот кон ЕУ интеграциите, и дека тоа секој може да го користи тоа во идните ЕУ интеграции.