„Ова е последната вечер кога ќе ви се придружам како претседател на Српската напредна странка (СНС)“, изјави на вчерашниот митинг цво Белград претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој најави дека по неговото повлекување од шело на вледејачката СНС, партијата ќе добие нов лидер, додека самиот Вучиќ рече дека ќе пшродолжи да биде само „претседател на сите граѓани“, а не претседател на политичка партија.
Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац одржува партиско собрание на кое ќе изберат нов претседател и раководство.
Nе е познато кој би бил наследник на Вучиќ, но неофицијално се споменува дека воопшто нема да се избира еден претседател на партија, туку дека со партијата ќе раководи колективно тело составено од три или пет члена.
Меѓу кандидатите кои се споменуваат прв како најсигурен е министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Потенцијално во тоа колективно тело би можеле да бидат министерот за финансии Синиша Мали, како и премиерката Ана Брнабиќ, пишува „N1“.







