Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа седница на Советот за национална безбедност за утре , сабота, во 8 часот.
„На состанокот ќе се дискутира како да се заштитат српските интереси и луѓето во Косово и Метохија“, пишува „Блиц’.
Според српски „Курир“, седницата коинцидира со датумот кога треба да се формира Задницата на српски општини во Косово, но „постојат оперативни сознанија дека Албанците со помош на НАТО ќе се обидат да го заземат (хидросистемот) Газиводе“.
Со „Газиводе“ управува „Електростопанство на Србија“. Приштина тврди дека тоа е нивен имот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека на официјални претставници од ЕУ им порачал дека нема да се согласи на Приштина да ѝ препушти 100 отсто сопственост на „Газиводе“, многу значаен хидро-енергетски потенцијал за северно Косово.




