Вучиќ за протерувањето на Ѓоковиќ: Како „лов на вештерки“

Претседателот на Србија разговараше со Новак Ѓоковиќ по одлуката на автралсикиот суд тој да биде депортиран, по штоизјави дека случајот наликува на „лов на вештерки“:



„Да малтретирате тенисер 10 дена, а десеттиот ден да дадете одлука за која сте знаеле од почеток… Доколку веднаш рекоа дека не можат да влезат невакцинирани, тој немаше ни да оди. Вака направи се’ што треба, а потоа почна малтретирање од невидени размери.

Нешто како лов на вештерки… Видовте во најбесмислениот судски процес, колку лажат, колку лаже обвинителот“, рече Вучиќ.

Тој потсети дека во март во Србија доаѓаат спортисти од Австралија, но дека тие неспоредливо подобро ќе бидат пречекани ин третирани.

„Нема да се изживуваме, да покажуваме сила над нив. Ќе се однесуваме неспоредливо подобро и ќе покажеме дека сме неспоредливо подобри од австралиската влада.

Мислат дека понижиле Ѓоковиќ. Не, тие се понижија“, и тој може да се врати во својата земја со крената глава“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ, пред два дена, побара објаснување од австралискиот премиер Скот Морисон зошто Ѓоковиќ бил малтретиран кога во старт се знаело дека ќе биде вратен.