Вучиќ за настаните во Тетово: Да не бевме посилни, Курти досега ќе ги нападнеше и Србија и Македонија!

Посетата на Албин Курти на Тетово е скандал над скандалите, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
-„Она што се случи вчера е скандал над скандалите“, рече Вучиќ, коментирајќи ја посетата на Албин Курти на Македонија.
Вучиќ за телевизија Пинк изјави дека тука е промовирана идејата за Голема Албанија и дека Курти е претставен како премиер на сите Албанци.



Тој се осврна на преименувањето на улицата Втора македонска бригада во Скопје во улицата Адем Демаќи, потсетувајќи дека се работи за човек кој поминал 28 години во затвор, во времето на Тито, кое тогаш било либерално, како најлош и најголем големоалбански идеолог и сепаратистички водач.

„Да не бевме толку силни, толку пати посилни, помоќни по техника, вооружување, знаете ли колку Курти досега ќе не напаѓаше во секој дел? Тој не само што би ја нападнал централна Србија, Македонија, туку би ја нападнал и Црна Гора“, рече Вучиќ.