Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката АЗна Брнабиќ ги преставија денеска клучни проекти и реформи во земјата во наредните пет години, најавувајќи инвестиции од околу 14 милијарди евра, зголемување на платите и пензиите и инвестиции од 700 милиони евра за стимулирање на демографскиот развој и останување на младите во земјата.
Инвестициите во Србија достигнале 3,8 милијарди евра оваа година, што е за девет проценти повеќе од највисокото ниво на странски инвестиции во 2018 година.
„Нашиот план е и нашата проекција – и ние им го ветуваме на граѓаните – дека на крајот на 2025 година просечната плата во Србија ќе биде 900 евра и просечната пензија помеѓу 430 и 440 евра“, вети Вучиќ.
„Ова е она што можеме и мора да го направиме за кратко време, за пет и пол години“, рече Вучиќ.





