Вучиќ тврди дека желбата за ЕУ во Македонија паѓа заради барањата контра националниот идентитет

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Светскиот економски форум во Давос со оценка дека во целиот регион паѓа ентузијазмот за влез во ЕУ а најмногу во Србија и Македонија.



Во Србија причината се политичките барања од ЕУ за Косово а во Македонија барањата кои се однесуваат на националниот идентитет.

„Секако, зборуваа претставниците на сите земји, плус претставникот на привремените институции во Приштина, а она што беше јасно е дека има пад на ентузијазмот за влез во ЕУ во земјите од регионот, особено во Македонија и Србија. Ова пред се се должи на политичките барања што доаѓаат, а се однесуваат или на националниот идентитет или на територијалното прашање“, рече Вучиќ во Давос без да прецизира за колкав пад на ентузијазмот се работи.

Вучиќ не прецизира какви се барањата на Брисел за македонскиот национален идентитет но јасно е дека станува збор за бугарските позиции содржани во последниот Француски предлог како предуслов за преговори со ЕУ.

Според последните анкети за желбата да се влезе во ЕУ се уште над 70 проценти од македонските граѓани сакаат да станат дел од унијата.

Темата за која зборуваше Вучиќ не е дел од тезите на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој исто така беше во Давос.