По синоќешната средба со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека е јасно дека Приштина не сака да ја исполни обврската за формирање на Заедница на српски општини (ЗСО).
„Стигнавме до ѕидот“, реќе Вучиќ. Курти го отфрли и предлогот на ЕУ за надминување на кризата по изборите на северот на Косово, кои беа бојкотирани од Србите. Вучиќ изрази надеж дека разговорите ќе продолжат и дека во иднина ќе се постигнат некои договори.
Од своја страна косовскиот премиер Албин Курти иозјави дека презентираниот нацрт статут на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО) на Косово ја претставува „желбата на Србија да формира една ‘република српска’ на Косово.
Тој изјави дека е против идејата „некои Срби да се поважни од другите Срби“, бидејќи се во оваа или онаа општина. Тој ова го оцени како сегрегација на Србите. Курти рече дека Косово ја отфрла територијалната автономија.
Во Брисел сепак беше усвоена Декларацијата за исчезнати лица, заедно со изјавата на претседателот Вучиќ, која ја штити државата Србија, јави дописникот на МИА од Белград.






