Вучиќ: Србите би дале живот за Косово, но не би живеле таму

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за РТС дека постигнувањето на договор со Албанците е важно достигнување за иднината.



Вучиќ рече дека Косово и Метохија се важна територија, но многу поважно е делот од територијата каде што живеат Србите – ние треба да се грижиме за нив и да се бориме за опстанок.

„Косово, како што говореше Тијаниќ, е место за кое сите Срби би дале живот, но мал број од оние кои не живеат во КиМ, или речиси никој, не би живееле таму. Ова зборува за сите наши парадокси и за апсурдната ситуација. Сега е многу потешко отколку пред 10 или 20 години и е неспоредливо потешко отколку пред 30 или 60 години“, оцени Вучиќ.

Тој вели дека нема да го доживее како личен пораз ако не се постигне договор со Албанците, но тоа би било значајно достигнување за иднината и за добри граѓани.