
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека одлуката на Собранието на општина Северна Митровица за отворање на мостот Ибар е одлука чија цел е да го вовлече Белград во војна и дека не случајно тоа се случува во пресрет на разговорите во Брисел на 2 мај. Вучиќ подвлече дека Србија не сака да стане членка на НАТО или на кој било друг воен блок, објави Косово онлајн.
„Ако тоа е поентата, да не вовлечат во војна, не го разбирам тоа“, им рече Вучиќ на новинарите.
„Зарем немате други соништа, дека овие луѓе живеат подобро и имаат плата поголема од 450 евра, ајде да се пофалиме со нешто друго. Посетете го Ораховац, Сува Река и направете нешто за тамошните винари. Не правете само проблем,“ му порача Вучиќ на Курти.
Претседателот на Србија додаде дека е чудно што некој го прави тоа непосредно пред новата рунда дијалог на 2 мај.
Вучиќ додаде и дека Србија „преку негов грб“ нема да стане членка на ниту еден воен пакт во следните четири години.
„Тоа не е проблем. Заменете го целото раководство на СНС и изберете ново раководство што сака да влезе во НАТО, а потоа и јас нема да бидам дел од тој тим. Верувам дека правилната политика на Србија е да биде воено неутрална Јас се залагам за таква политика како претседател на Републиката и ќе продолжам да дејствувам како врховен командант уште четири години“, рече тој.
На прашањето како ќе ги коментира аспирациите на Косово да стане членка на НАТО, Вучиќ рече дека тоа нема да биде лесно, бидејќи во Алијансата има четири земји кои не го признаваат Косово.





