Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека властите нарачале 30 милиони килограми сол и еден милион килограми грашок и грав, исто како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав, пренесува порталот Фактор.



„Во време кога целиот свет хистерично очекува нешто да се случи меѓу Русија и Украина, не можете да се преправате дека ништо не се случува“, рече Вучиќ во гостување на провладината ТВ Прва, додавајќи дека испораките на гориво се уште не се обезбедени.