Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија е подготвена за разговори со Приштина, за тешки решенија, но додаде и дека „за танго се потребни двајца“.
Вучиќ во изјава за печатот рече дека Србија е и останува подготвена за разговори, без оглед на тоа што некои други не биле.
„Нешто мора да се смени во општеството во Приштина, за да разбере дека само компромисно решение е решение и дека нема да се случи некој да земе чекан и да ме удри во главата или во Србија, па „Тогаш Србија ќе ја признае независноста“, рече тој.
Тој ѝ порача на Приштина да седне и да размисли што би можело да биде суштинско, компромисно решение.
„Ние сме подготвени за разговори и тешки решенија, бидејќи нема лесни“, заклучи тој.





