Вучиќ се вакцинираше пред камери со кинеска вакцина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се вакцинираше против ковид-19 со вакцина на „Синофарм“.



„Ништо не почувствував, како да не сум примил вакцина“, рече Вучиќ откако медицинската сестра му ја стави вакцината.

“Ја примив вакцината и се чувствувам одлично. Им благодарам на нашите прекрасни здравствени работници за сè што прават за нашиот народ и Србија.

Благодарам на нашите браќа Кинези. Потребно е да се вакцинираат во што поголем број за да се вратиме во нормалниот живот што е можно побрзо “, напиша претседателот на Инстаграм.

Во Србија вчера пристигна контингент со половина милион кинески вакцини од „Синофарм“.