Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека изборите ќе се одржат најдоцна во септември и дека на најавениот собир на 26 мај, ќе му соопшти на народот интересни одлуки, јави дописникот на МИА од Белград.
„Не е проблем. Сакате избори? На 26 мај ќе му соопштам на народот, одиме на избори. Тоа значи дека одиме на избори најдоцна во септември.
Но нема вие да бирате кои избори ќе бидат, бидејќи ова не е фонтана на желби и државата не е играчка, а за сè останато ако сакате да разговарате, подготвени сме, одговори Вучиќ на барањата на опозицијата.
Тој додаде дека за неколку дена веќе нема да биде претседател на неговата политичка партија Срспка напредна странка (СНС).






