Вучиќ разочаран од израелското признавање на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска му порача на претседателот на Израел, Исак Херцог, дека израелското признавање на независноста на Косово е разочарување за Србија, јави Б92.



„Сметаме дека е многу важно Србија и Израел, преку соработка, да придонесат за политичко и мирно решавање на сите спорови, конфликти и отворени прашања“, рече Вучиќ, додавајќи дека очекува претседателот Херцог и Израел да продолжат да го поддржуваат дијалогот Белград-Приштина. единствениот начин за решавање на чувствителното прашање за Косово.