„Приштинскиот режим се обидува, правејќи се себеси жртва, да ја искористи ситуацијата во светот и играјќи ја картата „големиот-мал Путин“ и Курти во улогата на Зеленски, да наметне нешто на нашиот народ на северот на Косово.



Тие ги испратија своите единици на административните премини со желба да ги спречат сите што имаат српски лични карти“, рече тој и додаде дека оваа акција треба да започне вечерва на полноќ“.

Изјави дека е уплашен од можните реакции на српскиот народ на Косово, по одлуката на Приштина да им издава потврди на граѓаните кои поседуваат српски документи и да почне пререгистрација на возилата со српски таблици.

Вучиќ рече дека ситуацијата за Србите на Косово е многу комплицирана и дека никогаш не била посложена од денеска.

„Моето барање е само да бидат мирни. Што и да се обидуваат да направат, само нашите да бидат мирни. Ако тргнат на митинзи и демонстрации, само тоа да го направат мирно, да не им даваат на Албанците ниеден повод да пукаат во масата, како што направија минатиот пат и без повод. Само да бидат мирни и да ни дадат време“, рече Вучиќ пред новинарите.

Тој упати молба и до Албанците „да не тргнат во напад врз Србите“ и оцени дека во овој момент Западот нема интерес за каков било судир на Косово.

„Денеска можам да ги замолам Албанците да се вразумат и Србите да не наседнуваат и не прават ништо што ќе доведе до судири. Ги молам и претставниците на моќните и големи земји кои ја признаваат независноста на Косово малку да водат сметка за меѓународното право и да не им дозволат на нивните штитеници да предизвикаат судир. Тоа е мојата молба, мојата голема молба, но веднаш да кажам, нема да има предавање и Србија ќе победи. Ако се дрзнат да тргнат во прогон, малтретирање и убивање Срби, Србија ќе победи“, рече Вучиќ.