Српскиот претседател Александар Вучиќ побарал од Владата на Србија бесплатна вакцинација на сите граѓани на Македонија, и тоа со вакцини по нивен избор, дознава Б92.
„Можат потполно бесплатно и да добијат сертификат за тоа, како и граѓаните на Србија. Имаме доволно вакцини и успеавме во последните дваесетина дена да вакцинираме нови 630-640 илјади граѓани.“, изјави Вучиќ.
Од вчера и сите граѓани на Босна и Херцеговина добија можност каде било и кога било да се вакцинираат бесплатно во Србија и за тоа да добијат сертификат.






