Вучиќ откри колку пари плаќа Македонија за мегават струја (ВИДЕО)

Српскиот претседател Вучиќ откри дека Македонија е меѓу земјите кои купуваат и до десеткратно поскапа струја од таа што Србија ја чини 52 евра.



,Вчера на една земја од регионот и дадовме мала количина на електрична енергија, имавме повеќе струја, добра хидрологија, добра акомулација, во изминатиот период имавме доволно струја и продадовме, не е важна одредената количина на електрична енергија. Ја продадовме по цена од 499 евра по мегават, а нас по мегават на час не чинело 52 евра, што значи десеткратно поскапо ја продадовме”, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ понатаму вели дека Македонија, Црна Гора, Албанија на дневно ниво купуваат струја по цена од 350, 380 или 400 евра за мегават.

,,На пазарот нема струја, луѓето мора да имаат струја, мораат да купуваат десеткратно поскапа. Во регионот Македонија, Црна Гора, Албанија на дневно ниво купуваат по 350, 380, 400 евра, на дневно ниво купуваат 50-60% од потребите”, рече Вучиќ.