Вучиќ од Берлин: Без Германците не можеме!

Германија е најважниот партнер на Србија и дека тоа не смее да се крие, вели српскиот претседател на Србија, Александар Вучиќ.



„Очекуваме трговската размена да биде околу 7,5 милијарди евра оваа година. Тоа е неверојатно, со оглед на фактот како беше пред само неколку години“, рече Вучиќ по средбата со германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.

„Не можеме да одиме напред без Германците и не можеме да опстанеме. Тие вработуваат над 72.000 луѓе во нивните компании, а има извоз, директни инвестиции…“, истакна Вучиќ.

Српскиот претседател потсети дека цела Европа се соочува со големи економски проблеми и дека и Србија ќе мора да најде решенија, пренесуваат медиуми.

„Луѓето мислат дека зимата е далеку, но наскоро ќе дојде, а никој не знае како ќе преживееме. И затоа ќе ни треба поддршката од Германија и другите“, рече Вучиќ.