Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по вчерашниот тежок инцидент на северот на Косово во кој загина косовски полицаец и тројца Срби, категорично изјави дека Србија никогаш нема да го признае Косово, пренесува Новости.рс.
„На оние кои мислат дека ќе извршат најголем притисок Србија да го признае независно Косово, им велам:
„Никогаш нема да признаеме независно Косово. Можете да не убиете, можете да правите што сакате – ние никогаш нема да признаеме независно Косово, Србија никогаш нема да го признаат независно Косово, откачената креација што ја направивте со бомбардирање на Србија, што ја направивте со сите можни лаги.
„Заборавете на признавањето на Косово, формално, неформално“ рече Вучиќ.






