Претседателот на Србија изјави дека Министерството за внатрешни работи „во согласност со Уставот и законите“ ќе донесе одлука за ЛГБТ настанот Европрајд, 96 часа пред планираниот собир.



Вучиќ рече дека државата „нема да измислува глупости“ за да го забрани настанот поради епидемијата на мајмунски сипаници, пренесува Б92.

„Нема да си играме и да се исмеваме со нашите граѓани, да ги понижуваме луѓето кои се наши деца, наши браќа и сестри, но никогаш нема да ја разберам неверојатната неодговорност на оние кои, од една речиси неважна тема, или тема која е важно само за еден дел од општеството, направи крстоносна војна“, рече Вучиќ.

Тој повтори дека безбедносната ситуација е „тешка“ и дека државата не сака да дојде до судири.