Српскиот претседател ги коментира податоците според кои граѓаните на Македонија во анкета одговориле дека Србија ја сметаат за најдобар пријател.
„Ние сме најголемите пријатели на Северна Македонија, ништо не бараме од нив, само да бидеме пријатели и браќа“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Да, го видов тоа, и за политичарите и за земјите. Србија, се разбира, им е најдобар пријател“, посочи српскиот претседател.
На прашањето дали е изненаден од одговорот на Македонците, претседателот Вучиќ одговори вели дека воопшто не е изненаден.
„Како да бидам изненаден? Ние сме најголемите пријатели на Македонија. Кој е поблизок до Србија? Ние сме единствените кои не бараме од нив да ги сменат своите име или јазик. „Ниту нашите барања, ниту ништо друго. Ние го сакаме македонскиот народ. Што бараме од него? Ништо. Освен да бидеме во најдобри можни односи. Не бараме ништо од нив само да бидеме браќа“, рече Вучиќ.






