Вучиќ: Не можат да го победат Ѓоковиќ, па затоа политички се изживуваат со него

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во врска со проблемите со кои во Австралија се соочува најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, изјави дека се слушнал со него синоќа и утринава, но се плаши дека „ваквото политичко изживување врз него ќе продолжи за тие да докажат некои други работи, затоа што кога не можеш некого да победиш, тогаш се занимаваш со вакви работи”.



-Не е фер да се води општа политичка хајка, во која учествуваат сите, од австралискиот премиер… преправајќи се дека правилата важат за сите, а да пуштите повеќе тенисери под исти услови под кои Ѓоковиќ не е пуштен, кажа Вучиќ.

Тој изјави дека во напорите да му се помогне на Ѓоковиќ активно е вклучено српското Министерство за надворешни работи, кое е во контакт со австралиската амбасада во Белград.