Вучиќ: Не ми паѓа на памет да потпишам капитулација на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ во пресрет на новата рунда преговори со косовскиот премиер Албин Курти во Охрид нагласи дека нема намера да попушти околу признавањето на Косово, ниту за неговиот прием во Обединетите нации.



„Не ми паѓа на памет да потпишам капитулација на Србија. Не ми треба никој да ми кажува каков е планот бидејќи јас го знам тоа подобро од нив. Учествував во 300 преговори, го знам секој детал и секоја ситница. Нема да има ниту капитулација, ниту предавање, јасно им кажав и никој не можеше да каже дека лажам – Србија нема да се согласи за влез на Косово во ОН, ниту ќе го признаеме на овој или оној начин“, изјави Вучиќ во емисијата „Кирилица“ на српската ТВ Хепи.