Српоскиот претседател Александар Вучиќ денеска од Прага пред новинари го коментираше лобирањето на Хрватска во ЕУ за забрана на увоз на руска нафта во Србија, поради што Србиќча ќе плаќа повеќе за тоа.



Брнабиќ: Ова што го прави Хрватска е срамота

Вучиќ иронично забележа дека Хрватска не е виновна.

„Не е таа виновна, тие само си ја вршат работата. Не ги обвинувам. Хрватска само си ја работи работата, тоа што го прави 81 година“, повтори Вучиќ. Како што вели, со тоа во своите медиуми се пофалила и самата Хрватска.

„Во однос на воведувањето или невоведувањето санкции, не сте вие ​​од Хрватска тој што ќе ја водите политиката на Србија, туку народот на Србија“, нагласи Вучиќ.

„Горд сум што Србија е слободна земја и што сама ги носи одлуките“, заклучи тој, додавајќи дека неговиот одговор ќе биде „учтив и далекусежен“.