Вучиќ: Не би преживеале уште една војна


Српскиот претседател вели дека Србија не би преживеала нова војна, и затоа мора да се стреми кон разговори кога станува збор за решавање на косовското прашање.
„Можете ли да замислите ситуација во која не би разговарале, како ќе преживее нашпиот народ на Косово, постои ли алтернатива?“- ги запраша новинарите Вучиќ.
Тој вели дека само војна е алтернатива но додаде дека на Србија не ѝ се потребни конфликти.



„По балканските војни, по Првата и Втората светска војна, војните од 90-тите години … не би преживеале. Ни треба интелигентна политика“, рече Вучиќ.