Вучиќ најави забрана за извоз на пченица

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Лесковац изјави дека сака луѓето да знаат колку е комплицирана ситуацијата во светот.



„Утре или задутре ќе се воведе забрана за извоз на пченица“, најави Вучиќ, лебот мора да го чуваме за нас и за луѓето во регионот.

“Се плашам од нови вести. Понекогаш со тешкотија гледате во телефонот бидејќи очекувате само лоши вести. Добивате полоши вести. Ако се случи сега да ја санкционираат руската нафта, не знам каде ќе заврши. Цената на пченицата „отиде во плафон“ на историски максимум, што значи дека цените и на другите работи ќе скокнат. Повеќе не можете да најдете палмино масло. Кина купува се што стигне. Сите резерви на памук ги купи Кина“, рече Вучиќ.

Тој рече дека ситуацијата ќе се влошува секој ден.

„Сега можете да видите колку беше паметно што инвестиравме во злато. Секој ден скока на 500 до 900 долари за килограм. Па, тоа не е нормално!“, рече српскиот претседател.

Ако донесат одлука да нема никаква руска нафта, тогаш тоа ќе биде два-три пати повеќе од историскиот максимум. Рубљата падна за 38 проценти, европските банки пропаѓаат на неверојатен начин. Цел свет пропаѓа пред нас. Се што знаевме дека постои , одеднаш „изчезнува пред нашите очи. Нема тоа да го кријам, рече Вучиќ.

„Само се надевам дека војната во Украина ќе заврши. Му се молам на Бога војната да заврши. Ова нема никаква врска со нас. Динарот е стабилен, силен. Ние држиме сè под контрола, но до кога? Тоа е невозможно да предвидиме. Ќе треба да донесеме одлука за забрана на извозот на пченица“, рече Вучиќ.