Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се подготвени за парламентарните, покраинските и за избори во Белград на 17 декември.
Разговарав со неколку луѓе, некои се за тоа, некои се против.
„Во моментов мислам дека тоа не е клучно прашање, но мора да ја почитувате демократијата, мора да ги почитувате опозициските партии, што и да мислите за нивната работа, а јас не сум некој што се восхитува на нивната работа. И овде зборувам како претседател на Србија, а не како член на партијата што ја сакам“.
Вучиќ одговори и на прашањето дали ќе ја води листата на Српската напредна странка (СНС).
„Ако го побараат тоа со најголемо задоволство и со најголема чест. Ако го побараат тоа од мене, ако им значи моето име, ако моето име ништо не им значи, ќе си одам среќен што некогаш сум можел да му помогнеме на таа партија“, рече тој.
„Да се остане на власт не е важно. Добиваш доверба, победуваш. Губиш доверба, губиш.
Ако СНС ја изгуби довербата, јас ќе треба да го поставам прашањето за доверба како претседател на Републиката, бидејќи јас бев на нивната листа, како нивен кандидат…“, објасни Вучиќ.







