Вучиќ најави дополнителна помош на Македонија за вакцинирањето

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дополнителна помош за Македонија и за Црна Гора за вакцинирањето на населението за Ковид-19.



„Ние сега бараме начини како дополнително да им помогнеме на Северна Македонија и на Црна Гора. Немам јас проблем со тоа, ниту ме иунтересира благодарност од колегите или од некој друг. Важно е луѓето да се задоволни и што делумно се заштитија. Кога ќе ја добијат и втората доза, ќе бидат многу подобро заштитени од тешки последици и од смрт“, изјави шефот на српската држава.

Само минатиов викенд Србија вакцинираше околу 20.000 луѓе, меѓу кои и државјани на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, па дури и Албанија.

Србија досега вакцинираше 2,3 милиони свои граѓани, а речиси 1 милион примија прва доза од вакцината.