Српскиот претседател Александар Вучиќ му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за честитката за Денот на државноста на Србија, во која покрај останатото тој недвосмислено повика на меѓусебно признавање на Србија и Косово, порачувајќи дека веќе еднаш кажал во Вашингтон што мисли за признавањето и дека неговиот одговор нема да биде поинаков, јави дописникот на МИА од Белград.



„ Ви благодариме за честитките.

А што се однесува до меѓусебното признавање, тоа не е наведено во актот на ниедна светска организација.

Ние разбираме дека ова е нова американска политика. Имаше обид тој термин да се наметне како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение во Вашингтон.

Јас веќе еднаш кажав во лице што мислам за признавањето и мојот одговор нема да биде поинаков“, изјави Вучиќ.