Вучиќ: Може да ме убиете, но не го признавам Косово!

Српскиот претседател Александар Вучиќ, вели дека додека е тој претседател нема да признае независност на Косово.



„Може само да ме убиете, но тоа нема да се случи. Еве, им кажувам на сите, и на Англичаните и на Германците – нема. Срушете ме, но нема да го направам тоа. За петнаесет години може да биде некој друг претседател, но Вучиќ нема да го признае Косово“, изјави претседателот на Србија, о гостување на РТС.

Запрашан какво решение понудил во врска со Косово во неодамнешните разговори со лидерите на ЕУ, кои ги одбиле неговите предлози и какви ќе бидат последиците од тоа, Вучиќ истакнал дека всушност никој не сакал навистина да го чуе.

„Беше одбиено така што никој не сакаше да слуша. Како мислите да му понудам на цел народ нешто што никој не сака да чуе? Одбиена е идејата за граници меѓу Србите и Албанците. Јас велам дека немаме јасна граница, го имаме единствено тоа што го пишува во Уставот, но на терен е нешто сосема друго. Настојував дека е важно да се најде компромисно решение без да се занесуваме со некои празни херојски приказни“, истакнал Вучиќ, а пренесува српски „Блиц“.