Објаснувајќи го извлекувањето на македонските државјани од Израел со авион на „Ер Србија“, српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека Македонците им се браќа на Србите.
„Македонците се наши браќа, така што се подразбира. Што и да бараат, секогаш ќе им излезем пресрет“, изјави Вучиќ на српската комерцијална телевизија Прва.






