Претседателот на Србија, по враќањето од Вашингтон (каде имаше средба и со костовскиот претседател Хашим Тачи), рече дека вестите дека е постигнат договорот помеѓу Белград и Приштина се лажни.
„Моите соговорници во Вашингтон покажаа добра волја да не ислушаат(…) и мислам дека вратата за нашата позиција во Вашингтон ќе биде барем подотворена“, рече Александар Вучиќ.
Тој рече дека последниве денови има многу лажни вести дека е постигнат голем договор меѓу Белград и Приштина и дека е направен план.
„Не, не е дискутирано и не постои. Ако тоа се случи, јас би бил првиот што ќе ви кажам, затоа што никогаш не ги кријам најдобрите работи за мојот народ”, рече Вучиќ.
Реков дека нема суштински дискусии сè додека не бидат укинати таксите, рече Вучиќ.
Тој најави дека во наредните 10 дена заминува во Берлин, каде ќе има важна средба со германската канцеларка Ангела Меркел, а Косово ќе биде една од темите.






