Српскиот претседател стравува дека кризата на северот на Косово изјави може да ескалира бидејќи косовскиот премиер Албин Курти нема да престане да испраќа специјални полициски сили на север.
„Не му е проблем што некој друг ќе војува. Тој нема. Малку тие, повеќе НАТО. Тој сака Србија и НАТО да влезат во конфликт. Но, не можеме да влеземе во конфликт со НАТО .И мораме да му помогнеме на нашиот народ Затоа ситуацијата ни е комплицирана“, изјави Александар Вучиќ гостувајќи на ТВ Прва.
Тој нагласи дека тоа го тврди и еден Албанец во статија во која се вели дека „Курти фантазира за војна и да биде воен премиер, како Зеленски“..
Вучиќ рече дека му е драго што и претставници на меѓународната заедница го осудија Албин Курти, дека се знае кој го започнал конфликтот, дека сите на Запад знаат дека Курти е виновен, но дека Србија нема никаква корист со тоа.
„Тој знае дека што и да прави, Американците, Англичаните и Германците, ќе бидат за зачувување на независноста на таканареченото Косово и дека на Србите не смее да им се дозволи да се закануваат, како што велат, на територијалниот интегритет на Косово и да не се дозволи враќање на српската војска и полиција на Косово, да не се дозволи вистинска автономија на Србите на Косово“, рече тој.
Тој наведува дека сега е јасно дека Курти предизвикува конфликти и дека тоа го прави секој ден.
„Тоа го знаеја сите во западните амбасади овде. И денес ЕУ излезе со соопштение за двете страни. Што да прават двете страни? Србите да одат на избори и да добијат што? Ништо. И да владеат со три проценти. А, кога ќе прашате за ЗСО велат мора да се направи. Нема што да се прави, се е договорено, ве молам, вразумете се. Овој нема да престане да праќа специјалци“, рече Александар Вучиќ.






