Вучиќ: Курти сака да започне војна во срцето на Европа

Српскиот претседател Александар Вучиќ на американските сенатори Крис Марфи, Џин Сахин и Пит Рикетс им се поќалил дека косовскјиот пртемиер Албиун Курти се обидува да направи војна, пренесува „Таниуг“.



Ситуацијата во северниот дел на Косово била единствената тема на вчерашниот телефонски разговор, се вели во соопштението на прес-службата на претседателот.

Вучиќ им рече на сенаторите дека апсењето на Србинот Милун Миленковиќ во Косовска Митровица претходно истиот ден е провокација и злосторство од страна на приштинскиот премиер Албин Курти, за кој рече дека се обидува да започне војна во срцето на Европа.

Вучиќ, исто така, рече дека Србија прави се што е во нејзина моќ за да го зачува мирот, но дека обемот на тортура и прогон на косовските Срби е поголем од кога било во изминатите петнаесет години.

Во соопштението се наведува и дека сенаторите го советувале Вучиќ Србија да покаже воздржаност и да повика на мир, бидејќи тоа е во најдобар интерес на сите во Западен Балкан.