Вучиќ: Курти сака да не вовлече во конфликт со НАТО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостуваше во програмата „Јутро“ на ТВ Прва.

Вучиќ на почетокот на интервјуто истакна дека последната војна пред оваа во Украина избувна за Косово и Метохија, кога била нападната Србија.



– Се надевам дека ќе можеме да го зачуваме мирот. Даваме сѐ од себе. Затоа разговарав со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Нема ништо повредно од мирот. Важно е да вложиме многу труд. Нема ништо повредно од мирот, но кога некој реагира бурно, тоа е затоа што не ги разбира последиците, а тие се да ѝ го вратите на мајка детето во ковчег, а не сте морале. Затоа правиме огромни напори. Затоа премолчуваме многу лоши дела, не затоа што тоа е знак на нашата слабост, туку на сериозност.

„Курти е сведок на невистините“, подвлече претседателот и посочи дека се сменети условите на војување, моќта на техниката и технологијата, објави српски Курир.

– Курти бара валидна причина за глупостите што ги изговара истовремено кога сака да ја вовлече Србија во конфликт со НАТО, кој што мора да го избегнеме. Тука нема голема филозофија – потенцира Вучиќ.