Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во натпреварот за третото место на Светското фудбалско првенство во Катар в сабота ќе навива за Мароко против Хрватска.
На прашањето дали навива за соседите, Вучиќ рече дека му честитал на министерот Томислав Жигманов како припадник на хрватската нација и дека им честитал на сите што навивале за Хрватска.
„Јас ги поддржував и Аргентина, и Мароко со целото мое срце. Не ги избирате соседите, ги избирате пријателите. Има емотивни и семејни причини зошто ги поддржував другите против моите соседи. Ниту Аргентина ниту Мароко не ја признаа независноста на Косово и тие се прилично тврди и цврсти за тоа прашање“, објасни тој.






