Вучиќ кандидат на СНС за претседател

„Со задоволство можам да кажам дека одлучивме Александар Вучиќ да биде претседателски кандидат на Српската народна странка на претстојните избори“ изјави денеска по седницата на партијата потпретседателката на СНС, Ана Брнабиќ.



Таа рече дека се радува дека актуелниот претседател Александар Вучиќ прифатил.

„Наша цел е да испишеме историја и да ја однесеме најголемата победа досега, победата во првиот круг, веруваме во историска победа.Вучиќ е кандидат, бидејќи најважна работа сега е стабилноста“, рече Брнабиќ.