Вучиќ: Јас сум вториот Србин кој најдолго бил на власт“

„Успеав во Србија, нешто што никому не му успеало. Јас сум единствениот кој победил двапати во првиот кру – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа откога според првичните резултати на Републичка изборна комисија (РИК), освои речиси 60 отсто од гласовите на претседателските избори и уште во првиот круг доби нов мандат.



Како што рече, невообичаено е горд на тоа што, по Никола Пашиќ, ќе биде Србинот кој најдолго е на власт.

„Јас не сум некој што се гордее и ја фали власта, туку сум скромен пред мојот народ кој ми го овозможи тоа. Благодарам на нашиот народ на Косово и Метохија, каде што добив повеќе од 90 отсто од гласовите, на луѓето во РС каде што добив исто толку“, рече Вучиќ.

Тој рече дека ќе се види кој е победник а кој губитник, на парламентарните избори што се одржаа вчера заедно со претседателските, откако ќе се види кој ќе формира Влада.

Во обраќањето уште додаде дека „за Србија најважни се добрите односи во регионот, но и да не се раскинуваат врските со традиционалните пријатели, како и да не се додворува на гласачите во Србија. Имаме уште 4 или 5 години да работиме во интерес на нашите граѓани. Голема благодарност до граѓаните на Србија, бескрајно сум горд и бескрајно среќен, а солзите радосници се трудам да ги сокријам бидејќи ретко кој успеал. Имам само една желба да се поклонам пред сите“, изјави Вучиќ.