Вучиќ: Индискиот сој е веќе во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека „ужасно стравува“ кога станува збор за коронавирусот, пред се поради невакцинираната популација и апелираше до сите граѓани да се вакциниураат.



„Делта вирусот коси сè пред себе. Кога станува збор за нас, се плашам дека нема да имаме адекватен одговор “, рече Вучиќ.

На прашањето колку е реална опасноста дека делта вирусот (индискиот сој) ќе пристигне во Србија, тој одговори:

„Тој пристигна, но очекуваме да поминеме еден месец или два во мир“, вели тој.