Вучиќ: Има обиди за „обоена револуција“ во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашниот собир во Панчево зборуваше за обидите за „обоена револуција“ во земјата.



Според него, „тајните служби од истокот“ го предупредиле за таква закана.

„Добивам информации од разни служби и нашите сестрински служби од Истокот ни кажуваат дека има обиди за обоени револуции, пренесоа медиуми.

Вучиќ рече дека некој се обидува да ги искористи двата последни масакри во Србија:

„Не знам какви се овие обиди, знам само дека се одвратни обиди за злоупотреба на смртта на децата, за да станете поголеми, подобри и попаметни за нашиот народ. И да ви кажам – на Србија и е преку глава од вашите револуции, и доаѓањето на некои под странско влијание, и уништувањето на српските фабрики и националните интереси.

Шефот на српската држава рече и дека Белград никогаш нема да ја признае независноста на Косово.