Вучиќ и Курти се среќаваат во Охрид

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти денеска во Охрид ќа ја продолжат дискусијата од 27 февруари во Брисел на која беше договорен текстот на првичниот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.



Средбата е во организација на премиерот Димитар Ковачевски, а под покровителство на Европската унија.

Жозеп Борел, високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се обидат на Вучиќ и на Курти да им ги приближат решенијата што ги предлага Западот во насока на патот кон нормализација на меѓусебните односи.

Пред патувањето за Охрид, Вучиќ изрази надеж дека ќе имa пристоен разговор, со можност да се придвижат работите, но и дека не доаѓа тука со пораки, бидејќи кажал се што имал пред специјалните претставници за дијалог од ЕУ и од САД, Мирослав Лајчак и Гарбиел Ескобар.

Владата во Приштина соопшти дека предлогот на ЕУ е „прифатен од Косово како добра основа и солидна платформа за движење напред кон целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со взаемно признавање “.

Косово прогласи независност од Белград во 2008 година, што беше призната од повеќето земји на ЕУ, со исклучок на Грција, Шпанија, Романија, Словачка и Кипар.