Во новата српска влада има дури 10 жени од вкупно 24 членови на кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ.
За споредба во владата на Ковачевски од вкупно 21 министер има само 4 жени што во проценти е помалку од 20 во корист на поубавиот пол.
Во Србија процентот на жени министри е малку под 40.
Србија под водство на претседателот Вучиќ кој е главниот фактор во политичките процеси во последниве години, на Македонија и дава, вакцини, зејтин, гас, пченица.
Дали причината за подобра организација на српската влада е во фактот што таму има многу повеќе жени не може да се утврди точно но Ковачевски може да научи од Вучиќ како да го зголеми влијанието на женската популација во водењето на државата.
Забелешка!
На фотографијата од македонската влада недостасуваат Спасовски и Тупанчевски кои се мажи.






