Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговарал со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
Рускиот претседател дал гаранции дека Русија ќе се придржува до договорот и дека Србија ќе има доволно количества гас оваа зима, јави дописникот на МИА од Белград.
„Претседателот Путин го увери претседателот Вучиќ дека Русија ќе се придржува до договорот и дека Србија ќе има доволно гас оваа зима“, се вели во соопштението од прес службатат на срспкиот претседател.
Пред еден месец претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Сочи по средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека во следните шест месеци Белград ќе го плаќа рускиот гас по иста цена како и досега, 270 долари за 1.000 кубни метри.
По средбата лице в лице и ручекот со рускиот претседател Владимир Путин, Вучиќ изјави дека тоа е „неверојатна цена“ и додаде дека и Србија во тие шест месеци добила зголемување на количината на гас.






