Српскиот претседател Александар Вучиќ го прими рускиот амбасадор Александар Чепурин, кој му донел „порака од Москва”, објави Танјуг.
Чепурин пристигна во Претседателството на Србија, по повод потегот на Приштина на прогласи формирање на косовска војска, на кој, според медиуми, вклучувајќи ја и американската агенција АП, се противат и Србија и на НАТО.
На влезот во Претседателството, рускиот амбасадор запрашан дали на Вучиќ му носи порака од Москва, тој кусо одговорил – „Да“.




