Вучиќ добил „непристоја понуда“ од Шолц!?

Судејќи според пораките на германскиот канцелар Олаф Шолц по тешкиот разговор со Вучиќ, станува јасно дека до Србија била испратена „непристојна понуда“, пишуваат белградски медиуми.



Вучиќ: Без Германија не можеме

Според „Новости“, Србија е условена:

-Влез во Европската унија во замена за договор со Приштина со кој всушност се признава Косово,

-„Дисциплинирање“ на Република Српска и

-Откажување од Русија.

Наследникот на Меркел, кој очигледно има намера Германија да го преземе дијалогот Белград-Приштина, прво по средбата со премиерот на Косово и Метохија, Албин Курти, рече дека нема сомневање дека Косово е држава бидејќи Германија и Приштина ќе добијат поддршка од „институциите „..

Од сето ова, јасно е дека просторот за маневрирање на Србија е прилично тесен и дека речиси се поставува прашањето: „Дали треба да се водат преговори доколку се знае нивниот исход, барем што се однесува до новиот моќен посредник од Берлин“ пишуваат медиуми.

Српскиот претседател изјави дека сето она што Шолц го кажал пред новинарите за Милорад Додик и за ситуацијата во Босна и Херцеговина, и дека Србија треба да го следи ставот на ЕУ за прашањето за санкциите против Русија и што треба да се направи за Косово и Метохија му било кажано и нему „но во посилна форма“.

Вучиќ вели дека „важно е да се разговара со Германија, бидејќи таа е најсилната европска земја во секоја смисла и најважна за нас“.