Старо-новиот претседател на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе положи заклетва во Народното собрание за вториот претседателски мандат.
Вучиќ на 3 април победи во првиот круг на редовните претседателски избори со 58,59 отсто од вкупните гласови.
На седницата ќе биде презентиран извештајот на Републичката изборна комисија за резултатите од гласањето, а полагањето заклетва ќе го означи почетокот на новиот петгодишен мандат на Вучиќ.
Вучиќ первиот претседателски мандат го започна на 31 мај 2017 година, кога свечено положи заклетва во Домот на Националното собрание.







