Вучиќ честиташе, Борисов и Радев молчат: Пријателство и дипломатија

За разлика од српскиот претседател Вучиќ кој денеска рано наутро го честиташе македонскиот пласман на Европското првенство во фудбал од Бугарија нема никаква реакција за настапот на Пандев и екипата на ЕП 2021.



“Им честитам на сите граѓани на Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, ќе бидеме со вас со сето срце”, порача Вучиќ откако репрезентацијата на Србија вчера не се пласираше на континенталниот собир.

Иако разочарана за своите репрезентативци Вучиќ сепак собра сили и дури и да е дипломатски чекор со кој ги провоцира другите соседи како што коментираат бугарски активисти на социјалните мрежи направи чекор кој го поздравија многу македонски граѓани.

Од друга страна бугарските политичари меѓу кои како што вели премиерот Заев има и негов брат, Борисов, не упатија честитка за големиот спортски успех на Македонија која е единствена од целиот регион што ќе игра на ЕП.

Според српски дипломатски извори пораката на Вучиќ до македонските граѓани е упатена по сугестија на српски политичар од Македонија, честитката е искрена и нема цел да ја провоцира Бугарија за односот што Софија го има кон Скопје во врска со блокадата за ЕУ.